Брачниот пар Мерилин (47) и Едвард Бејгли се обвинети дека држеле тинејџерка во својата камп приколка и ја злоупотребувале како сексуален роб, како и за тоа дека ја мачеле и дрогирале.
Мерилин Бејгли признала дека е виновна, но нејзиниот сопруг Едвард, а кого ми се заканува доживотен затвор изјавил дека „сексот се базирал врз основа на договор“.
Мерилин му помагала на Едвард да ја убеди ментално заостанатата 16 – годишна девојка која претходно побегнала од дома за да живее со нив во местото Лебанон во Мисури.
Двајцата тврдат дека сексот се базирал врз договор, додека одбраната сака да докаже дека биле извршувани „садистички напади врз девојчето“. Покрај тоа, се наведува и дека девојчето било малтретирано, дега било мачено со давење во вода, електро – шокови и дека брачниот пар ја дрогирал несреќната жртва.
За овој случај обвинети се уште четворица други мажи кои му плаќале паричен надоместок на Едвард за сексуални услуги од „робинката“ и за снимки на кои се гледало дека девојката била мачена.
Девојчето, чиј идентитет не се открива, се појавила на насловна страна на едно садомазохистичко списание „Табу“ во 2010 година.
Едвард е обвинет дека од 2002 година се трудел да ја воспитува младата девојка како да е негов сексуален роб. Тој со години ја чувал во заробеништво и заработувал продавајќи нејзини фотографии на интернет, а од неа барал да работи како „танчерка“ во клубови.
Случајот излегол на виделина во 2009 година кога младата девојка завршила во болница како последица на повредите нанесени при мачењето.