Да го бодриме нашиот Даниел – Евровизија почнува


Вечерва стартува 60. евровизиско издание. Нашиот претставник Даниел Кајмакоски ќе настапи осми и со темата “Autmun leaves” ќе се обиде да обезбеди пласман во толку посакуваното евровизиско финале.

Овогодишната 60. церемонија „Песна на Евровизија“ отворена е со свечено дефиле на делегациите на земјите учеснички и прием во Градското собрание на Виена.
daniel-viena

Сите делегации продефилираа  – Дефилето на црвениот килиm долг 200 метри започна со минатогодишнот победник на Евровизија, Кончита Вурст, а потоа почна пристигнување на делегациите, некои со автобуси, а некои со такси.

Македонскиот овогодишен претставник на Евровизија Даниел Кајмакоски, ќе настапи на првата полуфинална вечер, под реден број 8, а со песната „Лисја есенски“.

Даниел дава се од себе, има одлична комуникација со новинарите во прес центарот, имавме фантастична македонска вечер на којашто специјални гости беа Синтезис, ја претставивме македонската традиционална музика, храна и вино,такашто се оди по планот и во позитивна енергија! Мислиме на Македонија и се надеваме на голема поддршка од нашиот народ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1