Еве колку плата земаат директорите на Макпетрол – ќе ви се заврти во глава


Макпетрол АД Скопје е една од многу ретките компании во земјава која секоја година ги објавува платите на своите менаџери, а единствена што ги објавува платите на целиот Управен и Надзорен одбор.

Во последниот извештај на компанијата за Работењето на Управниот одбор стои дека првиот човек на компанијата, Андреја Јосифовски мината година заедно со трошоците за регрес за годишен одмор, лекарски прегледи имал плата од  8. 689.742 денари или околу 140 илјади евра.makpetrol

Членовите на Управниот и Надзорниот одбор имале различни плати.

Саша Лекиќ со сите вклучени доплнителни трошоци минатата година од компанијата добил 2,4 милиони денари,

Трповски Јован, 2,4 милиони денари,

Станко Веселински, 1,9 милиони денари,

Ристо Јосифовски, 1,7 милиони денари,

Зоран Доневски, 1,6 милиони денари,

Мери Забазноска, 1,5 милиони денари,

Сашо Бошковски, 1,5 милиони денари,

Љупчо Георгиевски, 1,5 милиони денари,

Дејан Левески, 1,1 милиони денари,

Оливера Данова, 1 милион денари и

Звонко Трифунов 1 милион денари.

Вкупната сума исплатена на менаџментот мината година е 26,6 милиони денари.

emagazin.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1