Дачиќ со ,,ликвидација,, дипломатија – ќе му летне главата на секој кој ќе спомене поскапување


 

Јас ќе бидам Премиер, а јас бре не сум споменал никакво поскапување, кој се директорите на јавните претпријатија да даваат изјави и секој ден да го плашат српскиот народ дека се ќе поскапи, изреволтиран идниот Премиер на Србија Ивица Дачиќ.

По секојдневните написи во медиумите во Србија и најавите за поскапување на струјата, лебот, греењето, Дачиќ со јасна порака до јавните претпријатија да не си прават планови и да,,трљаат,, раце со поскапувањата.

,, Читам се ќе поскапело – па не одлучуваа они за тоа, бре. Не чув дека некој од тие директори себе си ја намалил платата. Ние рековме нема веќе стегање на ременот на народот. Некој изгледа не слуша што јас зборувам. Епа добро – ќе дојде време кога ќе мора да ме слушаат, многу брзо,, изјавил нанервираниот Дачиќ за на крајот да им порача на сите директори на јанвните претпријатија –

,, Ако се однесуваат така – секој од нив ќе биде сменет уште првиот ден на изборот на новата Влада. Нема да имам милост кон никого – кој не работи за интересите на овој народ ќе си оди – не ме интересира кој од која партија е, секој што го плаши српскиот народ со поскапувања ќе си оди. ,,

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1