Видео: Сончева бура X – класа ќе ја погоди земјата денеска


Сончева бура од Х-класа(Икс-класа) која е создадена од ерупција на Сонцето пред два дена се очекува да ја погоди планетата Земја во текот на 8 јули – денес.

Х-класата на сончеви бури се најсилните бури што досега сме ги почуствувале или виделе од Сонцето. Сепак, Х1.1-класате е далеку послаба ако не и најслаба бура што оваа година ќе ја погоди Земјата.

За разлика од Х5.4-класата што ја погоди земјата на 8 март оваа година, Х1.1 не се очекува да предизвика сериозни последици на планетата, сепак се превземаат превентивни мерки за заштита на сателитите, астронаутите, ГПС уредите, како и големите произведувачи на електрична енергија.

Имено, Сонцето оваа година влегува во средината од својот 11 годишен временски циклус. Овие бури ќе продолжат во текот на 2012 година, каде што постепено ќе се зголемуваат и засилуваат, а врвот ќе го достигнат во 2013 година, за кога се најавени најголемите бури и можност за промена на функционирањето на еко системот и гео-магнетското поле на планетата Земја.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1