Духовниот водач на Тибет, Далај Лама го критикуваше Владимир Путин, велејќи дека е „егоцентричен“ и дека сака со судирот во Украина „повторно да изгради Берлински ѕид“
-Неговиот став е: „јас, јас“. Тоа е премногу и е многу егоцентрично, оцени Далај Лама и потсети дека Путин беше претседател, потоа премиер и повторно претседател на државата, пренесува денес германскиот весник Велт ам Зонтаг.
-Веќе навикнавме на тоа дека Берлинскиот ѕид повеќе не постои. Сега изгледа дека рускиот претседател сака повторно да го изгради, а тоа ја загрозува неговата земја. Изолацијата е самоубиство за Русија, оцени Лама.
Духовниот водач рече и дека смета оти Русија и Кина имаат различни ситуации.
-Кина сака да биде дел од глобалниот политички систем и подготвена е да ги прифати сите меѓународни правила на долгорочен план- рече тој.
-Јас не чувствувам дека тоа денес и е важно на Русија или на Путин- заклучи Далај Лама.