Дали е убен? Во тек многу скап развод, а милијардерот паднал од прозор и се набол на ограда


Познатиот британски тајкун, 51 годишниот Скот Јанг, загина во несреќа при пад преку прозорецот од својот стан во центарот на Лондон, јавува The Guardian..

Јанг при падот од четвртиот кат на зградата, се набодел на метална шилеста ограда. Полицијата морала да повика пожарникари да го извадат телото, бидејќи болничарите не можеле да го одвојат од металната ограда, а трупот веднаш бил испратен на обдукција за да се утврди дали има елементи на насилна смрт.

scot-young-435

„Беше грозно. Неговото тело висеше извесно време. Полицијата го покри штом дојде на местото на настанот, но неколку луѓе сигурно го видоа. Јас не можев да гледам. Беше застрашувачки“, рече еден од соседите за медиумите.

Причина зошто постои сомнеж за можна насилна смрт е што Скот Јанг учествувал во еден од најтешките разводи во историјата на британскиот Врховен суд. Жестоката битка за 400 милиони фунти почна во 2009 година кога Јанг и понуди на својата поранешна жена, Мишел, 300 милиони фунти, но следната година тврдеше дека банкротирал по еден лош бизнис што го склучил.

191AC15600000578-2867894-Michelle_Young_49_won_a_20million_payout_after_a_six_year_courtr-a-3_1418199777822

Во јануари минатата година доби и затворска казна од шест месеци, бидејќи одби да му ја открие имотната состојба на судот.

Тој склопуваше бизниси за руските и британските милијардери, заради што го носеше и прекарот „Mr Fix-it“.

Криминалистичката истрага е во тек, а полицијата засега ги исклучува сите сомнителни околности околу смртта.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1