Дали првата дама на САД е бремена?


Фотографиите од Меланија Трамп, направени вчера во Вашингтон, при посетата на премиерот на Индија на Белата куќа, ни покажаа еден неверојатен детал: стомачето на првата дама кое ги „подгреа“ гласините дека сопругата на американскиот претседател е во блажена состојба.

Стомачето е невозможно да не се забележи. Жолто – црниот фустан кој го носела Меланија дополнително го нагласило. Имајќи го во предвид имиџот кој го негува првата дама на Америка и грижата која му ја посветува на својот изглед, тешко е да се поверува дека госпоѓа Трамп би си дозволила себеси да се појави во јавноста со вакво стомаче.

Внимателната Меланија со своето големо модно познавање веднаш би пронашла облека која би го замаскирала секој вишок. Се забележува и дека првата дама на САД се појавила во фустан кој „одговара на бременост“.

Или убавата Меланија е бремена или накачила некој вишок на килограми? Во последните неколку дена, многу гласини одат во прилог на првото.Сомнежите ги зголемуваат и промените во однесувањето на Доналд Трамп кон својата сопруга. Имено, американскиот претседател одеднаш станал исклучителен џентлмен. Можеби на тоа го навеле и острите критики за невниманието кон Меланија кое го прикажуваше во јавноста во изминатите месеци, гласините дека се разведуваат, а можеби и нејзината наводна бременост.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1