Заврши ДНК анализата за трите жртви во експлозијата во Богданци. Телата на настраданите се предадени на семејствата. Според информациите на Јавното обвинителство, се чекаат и резултатите од обдукцијата кои треба да се готови до крајот на денот или најдоцна до утре.
Денес родното Ѓавато се простува од Златко и Васе Дуеви и нивниот колега и сограѓанин Благоја Делков. Во селото тивко и траорно за последното испраѓање на тројцата соселани, во Богданци е ден на жалост. Граѓаните сеуште под импресии зборуваат за трагичната несреќа, објавува Канал 5.
Јавното обвинителство чека анализи за исправноста на машините во погонот, резултатите од обдукцијата, но и извештај за постоечката документација и почитувањето на безбедноста на мерките за заштита при работа во фабриката Балкан Гасови, каде во четвртокот утрото изби пожар. Дури потоа обвинителството ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.