Родителите на Дениса Маркоска,(23) не знаат каде се наоѓа нивното чедо. Последната информација ја имале пред неколку дена откако биле извесетени дека Дениса ја нема на бродот од фирмата ,,Волгобрил,, на кој работела по втор пат. На бродот годинава се качила во јануари, пишува Нова Македонија
Во меѓувреме ги добиле нејзините лични работи од колега кој работел со неа на брод. Кога се јавувале на бродот овие денови ја добивале постојано истата порака од капетанот, дека е исчезната, а каде не знаат.
Според МНР, 23 годишната девојка од бродот исчезнала на 12 септември утрото, додека пловел околу Крит. Била информирана полицијата која ја известила Канцеларијата за врски во македонската амбасада во Атина, која пак контактирала со семејството. За исчезнувањето известен е и Интерпол, кој трага по Дениса.