Ден пред исчезнувањето Дениса ја напишала последната порака до родителите


Родителите на Дениса Маркоска,(23) не знаат каде се наоѓа нивното чедо. Последната информација ја имале пред неколку дена откако биле извесетени дека Дениса ја нема на бродот од фирмата ,,Волгобрил,, на кој работела по втор пат. На бродот годинава се качила во јануари, пишува Нова Македонија

Таткото Киро Маркоски, со кого разговаравме вели дека последниот контакт со Дениса им бил за нејзиниот роденден на седми септември на ФБ кога и го честитале роденденот, ден пред исчезнувањето напишала куса порака дека не ќе можат извесен период да комуницираат.  Тие очекуваат информации каде е Дениса. denisa brod

Во меѓувреме ги добиле нејзините лични работи од колега кој работел со неа на брод. Кога се јавувале на бродот овие денови ја добивале постојано истата порака од капетанот, дека е исчезната, а каде не знаат.

Според МНР, 23 годишната девојка од бродот исчезнала на 12 септември утрото, додека пловел околу Крит. Била информирана полицијата која ја известила Канцеларијата за врски во македонската амбасада во Атина, која пак контактирала со семејството. За исчезнувањето известен е и Интерпол, кој  трага по Дениса.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1