Денес е Задушница – споменете ги оние кои не се меѓу нас


Денеска се празнува Задушница, а во недела е Духовден. Овие денови се посветени на душите на умрените. 

Постои верување дека душите на покојните предци доаѓаат од оној свет кај своите најблиски, барајќи од нив храна, вода, но и за да ги видат.

crkva2-630x354На гробишта се чита молитвата за да се осветат работите што се донесени, а потоа оние што дошле на гробот да каснат од пченицата и лепчето полиено со црвено вино.

Утре не се оди на гробишта, бидејќи е Духовден. Тоа не е празник на мртвите, туку празник на Светиот дух и воспоставување на црквата на земјата.

Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден, кој се одбележува утре, се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

На покојните им се потребни помени со свеќи, цвеќе, пченица, лепче и малку вино, а не со храна, пијалаци и вистински гозби, им порачуваат свештениците од Македонската православна црква на верниците.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1