Денес и утре температури до 40 степени, од петок услови за невреме со дожд, грмежи и засилен ветер


Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 31 до 39 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 36 степени.

Утре ќе се задржи сончево и многу топло време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во петок како и за време на викендот во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на невреме проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе се намалат за неколку степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1