Денес ќе се знае дали Англичанецот починал од ебола


Дали смртоносната ебола дојде и во Македонија и дали Британецот за една недела успеал со вирусот да зарази и други лица, ќе се знае најрано денеска попладне, кога се очекува да стасаат резултатите од лабораторијата во Хамбург, Германија, каде што се испитува биолошки материјал од починатиот Британец, пишува Дневник.

Тој, пред да почине на Kлиниката за инфективни болести во Скопје, и тоa за само еден и пол час откако бил донесен, пројавил симптоми сомнителни за ебола, по што веднаш се вклучил алармот кај лекарите и здравствените власти. Среќа во несреќа е што пациентот последните три дена не излегувал надвор од својата соба, зашто не му било добро, па контактите биле сведени на минимум. Но тие што ги имал во претходните денови допрва ќе се испитуваат ако се потврди сомнежот за ебола. ebola-lek-652x320
Додека не се дознае вистинската причина за смртта на 58-годишниот пациент, кој бил и прв човек на Советот за странски инвестиции на РМ, здравствените власти и натаму се на готовс – ќе се однесуваат како да е во прашање заразен со ебола и ќе ги преземат сите неопходни мерки за заштита.

Оваа вест сигурно први ја очекуваат 25-те лица, меѓу кои се и странски туристи, лекари, медицински сестри и возач на брза помош, кои од завчера се во карантин во хотелот „Супер 8“ во скопскиот ТЦ „Мавровка“ и на Kлиниката за инфективни заболувања.

Околу хотелот ниту пиле не може да прелета – објектот сосе 15 „принудни“ гости и хотелскиот персонал е под силно полициско обезбедување – смеат да влезат само лекарски екипи и да се достават само вода и храна. hotel-super-8
Под засилен лекарски надзор се сите што биле во контакт со починатиот Британец, кој уште на 2 октомври долетал од Лондон во Скопје – од пријателот во хотелот до тричлената лекарска екипа на брза помош, која го пренела заболениот од хотелот до Kлиниката, и сите лекари, сестри и болничари кои му укажувале помош на пациентот, кај кој, пред да почине, бликнала крв во устата од внатрешните органи, откако му била ставена туба (цевка) за дишење, по што настанала паника кај персоналот и се појавиле првите сомнежи и стравувања дека тоа е еден од симптомите на ебола.

Неговото тело нема да биде дадено ниту на обдукција во Институтот за судска медицина поради опасноста дека можеби е ебола во прашање.

Возилото со кое бил пренесен Британецот било комплетно дезинфицирано и не се користи за превоз на други итни случаи најмалку 24 часа, за секој случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1