Денес очекувајте ветер со над 80км/час


Координативното тело за справување со кризи ја разгледуваше состојбата со најавите за нов бран на обилни врнежи што се очекуваат за време на викендот. Според информациите од УХМР, нов јужен бран од дождови ќе ја зафати територијата на Република Македонија во петок попладне.

nevreme dozd 11

Денес ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари и над 80км/час. Попладне  и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни (локално од 40л/м2 до 60 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголеми. Нови пообилни врнежи ќе има во сабота ноќта и во недела кога врнежите ќе бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер.

Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите и се очекува излевање на реките со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба.

Координативното тело уште еднаш препорачува:

-градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,

-градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,

-градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси (механизација, вреќи и нафта) веднаш да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,

-градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,

-континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.

-ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,

-сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,

-припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција

-возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,

-екипи од ЕВН и ДЗС да воведат дежурни служби

-апел до месното население да се вклучи во превентивните акции.

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1