Денес повторно ќе истура


Повремени врнежи со локални грмежи ќе има до крајот на неделата. УХМР најави и позначителен пад на дневната температура, од 20 до 26 степени.

Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Локално се очекува да наврнат и до 25 литри дожд на метар квадратен. Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а ќе има и појава на магла. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°C односно до 26°C.

dozd2Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во вечерните часови врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 24°C.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, а попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен североисточен и источен ветер. Утринските температури од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 19°C до 27°C.

Во четврток во вечерните часови и во текот на ноќта понекаде ќе има појава на магла.

weather4all.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1