Денес сонце – од петок дожд – прогноза и за викендот


Во Македонија денес ке биде претежно сончево со локална облачност, попладне со можност за слаби локални врнежи од дожд во западните предели.

Слаб југоисточен ветар, а во западните предели ке дува слаб југозападен и западен ветар. Утринските температури од 9°C до 17°C, а максималните дневни ке се движат од 23°C до 32°C. Ув индекс 6.

Во Скопје ке биде претежно сончево со локална облачност. Слаб југоисточен ветар. Утринската температура од 14°C, а максималната дневна ке достигне до 29°C. Ув индекс  5.

Во четврток во Македонија ке биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Попладне можност за слаби локални врнежи од дожд ке има во крајните западни предели. Ке дува засилен југоисточен ветар, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветар. Утринските температури ке се движат од 9°C до 18°C, а максималните дневни ке достигнат до 22°C односно до 31°C. Ув индекс 5.

Во петок ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, ветровито и со пад на температурите. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови.Ке дува засилен југоисточен ветар. Утринските температури ке се движат од 11°C до 20°C, а максималните дневни од 19°C до 27°C. Ув индекс 5.

Облачно со врнежи од дожд и со пад на температурите ке биде и во деновите од викендот. Во недела ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен. Утринските температури од 7°C до 16°C, а максималните дневни ке се движат од 16°C до 26°C.

weather4all

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1