Детали од свадбата на векот – Тито (60) и Јованка (28)


Тито беше облечен во бела униформа со златни ознаки на чинот. Неговата сопруга, убава исончана бринета, на себе имаше фустан од бордо сатен. Маршалот и сопругата ги дочекуваа гостите во предворјето на Дворот, поранешната резиденција на принцот Павле. Излегувајќи за првпат пред странци, госпоѓата Броз носеше златен ѓердан, додека на фустанот имаше брош со дијаманти. Црната коса го опкружуваше нејзиниот лик и беше зачешлана во вид на пунџа
Малку кој знаел дека Тито и Јованка тајно се венчале на 15 април 1952 година, недалеку од Илок. Според зборовите на мештаните на Илок, венчавката била тајно одржана во вилата на Тито на Пајзош (Дунавка), која се наоѓа помеѓу Шаренград, Бапска и Илок, пишува српски Курир.
tito-jovanka-broz-foto-profimedija-1437551663-705553
Потоа, официјално, во книгите, било заведено во матичното канцеларија во Шаренград (Мало село во Хрватска). Илочани велат дека сите тие знаат за таа венчавка и дека тоа за нив не е нова информација. Не знаат колку гости имало на венчавката, но веруваат дека присуствувал само близок круг на луѓе.
Вилата во Пајзош, всушност била воена економија. Станува збор за имот од стотина хектари, на кој имало лозови насади, шуми и неколку ловечки куќи, разни објекти, вила, винотека и ловиште.
Таму бил изграден и хелиодром па Тито често знаел да наврати со хеликоптер. Илочани велат дека обожавал да лови во тоа ловиште кое било заградено.
– Знаевме дека таму се одржуваше венчавката, но не се сеќаваме на неа. Сепак, ние таму започнавме подоцна да работиме. Си ја работевме својата работа и никогаш никого не прашувавме за него. Знам само дека никаде во куќата не биле поставени какви било фотографии кои би потсетувале на таа венчавка – рекла Розалија Џалто, која во Пајзош, заедно со својот сопруг Мијо била домар.titoijovanka
Таа се сеќава и на винотеката со повеќе од 2.000 шишиња вино, бочви ракија, но и силно обезбедување кое било во вилата секогаш кога Тито ја посетувал. За сопружниците рекла дека биле добри кон нив и дека секогаш убаво се однесувале. Немале многу прилики за разговор, но Тито секогаш, кога ќе ги видел, ги поздравувал, ги прашувал како се, што прават и слично. Се сеќава и дека често се шегувале и се смееле.
Дека Тито и Јованка склопиле брак странските новинари во Белград дознале од поканите за прием во чест на високиот гостин од Британија. Веста за венчавката на Тито и Јованка била примена во светот како првокласна сензација. Речиси немало весник во Европа или Америка, кој на својата насловна страна на овој настан не посветил големо внимание.
Агенцијата „Ројтерс“ вака го опишала првото заедничко појавување на Тито и Јованка:jovanka tito
„Белград, 19 септември 1952. – На приемот приреден во чест на британскиот министер за надворешни работи Идна во Белиот двор, маршал Тито беше облечен во бела униформа со златни ознаки на чинот. Неговата сопруга, убава исончана бринета, на себе имаше фустан од бордо сатен. Маршалот и сопругата ги дочекуваа гостите во предворјето на Дворот, поранешната резиденција на принцот Павле. Излегувајќи за првпат пред странци, госпоѓата Броз носеше златен ѓердан, додека на фустанот имаше брош со дијаманти. Црната коса го опкружуваше нејзиниот лик и беше зачешлана во вид на пунџа”.
Ден претходно, „Ројтерс“ од Белград го емитувал следниот извештај:
„Југословенската дирекција за информации денес на располагање ги стави првите фотографии од госпоѓа Јованка Броз, сопруга на маршалот Тито. Како што се гледа на снимките, тоа е убава, жена со темна коса и добро градена.“
Вилијам Гејлмор, новинар од њујоршкиот „Дејли компас“, со овие зборови ја опишал венчавката на Тито и Јованка:
„Веста дека маршал Тито, на свои 60 години земал невеста од 28 години, Јованка Будисављевиќ, можеби е изненадување за многумина. Со оглед на тоа дека јас лично се запознав со него и лично разговарав, воопшто не сум изненаден.jovanka i tito
Јосип Броз Тито, без разлика на улогата која игра на меѓународната сцена и на неговото драматично доаѓање на власт, е еден од најимпресивните луѓе кои некогаш сум ги сретнал. Јас можам целосно да разберам што една млада жена, 32 години помлада од него, мисли дека тој е привлечен.
Дури и неговите непријатели признаваат дека тоа е човек со магнетска сила. Тито е човек кој инспирира луѓе и привлекува жени“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1