Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 20 часот и 45 минути се случила во скопски Аеродром на раскрсницата кај Мајчин дом.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила при судир на „Фиат Добло“ кој го управувал 19-годишниот Д.С. и „Шкода Фабиа“ управувана од 30 годишниот С.Д. По ударот „Шкодата“ се превртела на улицата, а возачот С.Д. се здобил со повреди.
Со итна помош С.Д. е пренесен во Ургентниот центар каде му се констатирани полесни повреди и е задржан на лекување.