Детали за страотната несреќа кај Зајас, меѓу загинатите и малолетно лице


Три лица на возраст од 16, 19 и 46 години го загубија животот во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај Зајас.

Според информациите од полицијата до несреќата дошло откако З.З. (46) од кичевско Колари управувајќи „Форд ескорд“ удрил во задниот дел од неосветлен трактор натоварен со дрва кој го управувал 66 годишниот Џ.Ј.policija-nokj-soobrakjajka

Во „фордот„ кој се движел од правец на Гостивар се превезувале 17-годишно момче, 19-годишно момче и лице на возраст од 45 години, и биле жители на соседното Колари.неофицијално, се возеле со возилото „форд“ кој директно удрил во трактор со приколка натоварена со дрва кој не била осветлен додека излегувал од селото кон магистралниот пат А2 Кичево –Скопје.

Поради тешки повреди на лице место животот го загубиле возачот на „Фордот“ и двајцата сопатници, 16 годишниот Х.А. и А.В. (19), додека со полесно повредени биле возачот на тракторот и неговиот сопатик А.М. (25).

Телата на починатите се предадени на обдукција. Полицијата на местото на несреќата извршила увид, а сообраќајот од 19:20 до 00:30 се одвивал наизменично по една коловозна лента.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1