Момче припадник на племето Јазиди, кое успеало да побегне од кампот на ИСИС изјави дека џихадистите ги присилуваат децата да “вежбаат“ отсекување на глави на кукли.
Тоа истакнало и дека постари припадници на терористичката организација им наредувале физички да се судрат со своите браќа.
По покорување на племето, за кое тврдат дека е неверничко, џихадистите старите припадници ги убивале, жените силувале, а момчињата „реедуцирале“ во своите кампови во Сирија.
Момчето чие име не е објавено, но е наведено дека надимакот му е Јахја и има 14 години, со својот брат успеал да побегне од тренинг центарот во Рака каде поминал пет месеци.
„Ни донесоа кукли, ни покажаа како да го држиме ножот и како на куклата да и ја отсечеме главата. Првиот пат тоа не можев да го направам. Ни вториот пат. Ни третиот. Тогаш ми покажаа како да ја ударам куклата и да замислам дека тоа е главата на неверникот“, рекол Јахја.