Малото дете кое денес го обиколи светот, медиумите го нарекоа светлината на хаосот во Украина.
Од фотографиите кои беа објавени на украинските портали може да се види мало детенце кое го бара својот татко, кој пак се наоѓа меѓу украинските војници.
А за да дојде до него, малото момче требало да го пробие рускиот кордон. Несвесен за она што се случува околу него, ова детенце реши да ја повози својата играчка и тоа пред очите на руските војници.
Откако играчката му здодеа, детенцето се врати во прегратките на својот татко.