Детето кое пензионерка го уби среде улица во Швајцарија, ќе биде погребано во Косово


Седумгодишно дете до смрт е избодено со нож среде улица во Базел, во северот на Швајцарија, додека се враќало од училиште, а врска со убиството има 75- годишна пензионерка.

Неговата учителка која поминувала покрај местото на злоделото, го видела момчето како лежи во локва крв па веднаш повикала помош.

Мајката на 7- годишното дете кое беше уиено во Швајцарија, секој ден го испраќала до училиште и го чекала, но на денот на убиството била спречена бидејќи помладото дете и било болно.

Мајката на убиеното момче рекла дека тоа ќе биде погребано во Косово.

Најголем кошмар на секој родител е да го погреба своето дете,а тоа за жал се случи во овој случај.

Таа е неутешна по хоророт кој го доживеа вчера нешто после пладне.

„Не можам да верувам дека повеќе го нема, ми го украде наубавиот цвет, никогаш не сум ја видела таа старица, не знам зошто ми го уби детето, не знамеме што ја натера на таков чин,ни го уништи животот“ раскажала мајката неутешна.

После нападот старицата сама се предала на полицијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1