Две жртви кај Смилковци ги гледале убијците во очи кога умирале – Судење за „Монструм”


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Тарифа“, „Монструм“ и „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Монструм“, кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.

На минатото рочиште јавноста беше исклучена бидејќи се презентираа докази обезбедени со посебни истражни мерки.

Претходно беше утврдено и како биле убиени младите момчиња. Рибарот Борче Стевковски починал од куршум во главата, убијците со 5 куршуми го усмртиле пред да влезе во автомобил и биле побрзи од него.

Едно од момчињата Кире Тричкосвки бил исправен или пак клечел, а истрелот во стомакот бил пресуден. Лекарите од судска медицина само за две жртви потврдија дека во нив било пукано од напред. Останатите биле легнати на стомак или свртени со грб.

Во сите пет жртви е пукано од „релативно блиску“ или најмногу до 1,5 метри оддалечност, со две автоматски пушки „калашников“ и пиштол.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1