Деца со предвремен пубертет на клиниките – причина пилешкото месо во Македонија


Околу четириесетина деца со вистински предвремен пубертет се третираат во Македонија. Кај стотина деца годишно, повеќето девојчиња, лекарите на Клиниката за детски болести проверуваат дали има вистински предвремен пубертет. Ако го докажат, тогаш децата добиваат хормонска терапија за да се запре пубертетот. Доколку, пак, се работи за лажен, тогаш се менува нивната исхрана. Пестицидите и исхраната се најголем виновник, пишува Мама365.мк.

dete-pubertet-22

 

„Сметаме дека најчесто се работи за конзерванси, прехранбени хормони, кои се даваат за брзо размножување кај кокошките за побрзо да несат јајца. Некои од конзервансите што се користат во паштети или салами се исто така на естрогенска база или слични на естрогените по формула“ – велат лекарите.

Децата со предвремен пубертет остануваат ниски, имаат и либидо

По многу години работа и многу третирани деца, лекарите од клиника препорачуваат извесна рестрикција во однос на внесување на пилешкото месо и преработките од него.

Според нив, тоа треба барем делумно да биде од живина што не е хранета со концентрати. Можете да најдете и јајца што се поситни и не се индустриски произведени. Се претерува со пилешки салами во исхраната. Едно дете е подобро да изеде динстано месо отколку да му се даваат овие салами, за кои не сме сигурни со што се конзервирани.

Повеќе на – Мама365.мк.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1