Девојче исчезнало од спалната соба пред 18 години, а сега се случил пресврт


Маж од Оклахома е уапсен откако го поврзале со случајот на неговата соседка, девојче кое исчезнало од својата спална соба уште во 1997 година, кога имала осум години.

Детективите со помош на ДНК анализа го поврзале Антонио Палма (56) ос исчезнувањето и наводната смрт на Кирстен Хетфилд која изчезнала на 14 мај 1997 година, соопштуваат од полицијата од Мидвест Сити.01-devojce-kirsten-43

Иако телото на русокосото девојче никогаш не било пронајдено, се претпоставува дека е мртва. Денес би имала 26 години, пишува Expressnews.com.

Палма бил уапсен во понеделникот под обвинение за убиство и киднапирање, а полицијата моментално ја пребарува неговата куќа во потрага по дополнителни докази.

Тој инаку живеел само на две куќи оддалеченост од местото каде што Кирстен живеела со своето семејство. Откако исчезнала, на прозорецот од нејзината соба била пронајдена крв, а нејзините гаќички лежеле на земјата во дворот. Во времето на исчезнувањето истражителите зеле примероци од нејзината ДНК, но не успеале да ги поврзат со ниеден примерок од нивната база.

Во пишаниот извештај стои дека Палма во јуни на истражителите доброволно им дал примерок однеговата ДНК која се совпаднала со примерокот од собата на Кирстен.02-palma-kirsten43

„После мај 1997 година Кирстен никој не ја видел, па се претпоставува дека е убиена недолго после убиството“, стои во полициското соопштение. Исто така, се претпоставува дека Палма намерно останал да живее во непосредното соседство за да ги прикрие можните траги и локацијата од телото на Кирстен.

Недолго после нејзиното исчезнување, мајката од Кирстен Шенон Хејзен рекла дека претходната вечер ја легнала малечката во кревет, но следното утро немало трага од девојчето.

Полицијата го испитувала Палма и во 1997 година и уште еднаш оваа година во јуни. Во двата случаи рекол дека бил во својот дом за време на исчезнувањето на Кирстен. Полицијата исто така рекла дека неговиот најнов исказ не се совпаднал со оној кој го кажал пред 18 години. Овој поранешен градинар моментално е во затвор без можност за помилување.

Tocka.com.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1