Македонци рамо до рамо со светските стилисти – Бубе ИН од Лондон ја донесе најновата мода


САЛОН International кој се одржа во Лондон е најмеродавниот саем за стилисти кои ги диктира трендовите кои следат. Овој саем за стилисти го нарекуваат уште и МЕКА за фризерите. На него присуствуваат најголемите стилисти и фризери од светот. Оваа година организатори беа познатите Mahogany, Saco, Patrick Cameron, Sassoon Academy, Toni&Guy.IMG_3658

На овој саем се диктира модата која следи. Кој стилови, бои, фризури ќе бидат во мода.

Оваа година дел од овој голем настан беше и нашиот познат стилист Бубе ИН кој во својот новоотворен салон директно од Лондон ги донесе сите новитети и трендови. Еве што тој вели за неговото искуство од Лондон и за она што ќе биде модерно наредната сезонаIMG_3659

,, Ова е голем настан за секој стилист и можноста да бидам дел од него е навистина битна за мене а и за моите клиенти бидејќи од прва рака дознаваме што е во мода, што е актуелно, што ќе се носи. Оваа сезона тренди се кратки ,,пикси,, фризури и тоа сето обоено со црвени бургунду па се до златно портокалово а дури некои делови се обоени и со екстремни бои како зелено, сино и слично,, вели Бубе

IMG_3661

Во однос на собрани фризури сеуште владее оној messy – неуреден изглед. Сепак јас на своите клиенти секогаш им велам, тоа што е тренд не треба да се прати по секоја цена, нормално доколку не прилега на ликот. Има фризури за сите типови, изборот е ваш. 

Во прилог на саемот се одржуваат и многу други фасцинантни фризерски настани од кои дел беше и Бубе ИН каде рамо до рамо беше со светските фризери Mark Hayes, Mark Leeson, Ken Picton, Renata Recchia in Indira Schauwecker.

Се што е ново и секако добро Бубе ИН ќе го примени во својот новоотворен салон кој се наоѓа веднаш зад стариот – кај драгстор Бети во новата зграда. Повеќе информации може да добиете на 02/3 126 126 и 070/ 333 234

IMG_3656

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1