Девојче може со мозочна активност да предизвика пожар


Многу луѓе верувале дека една девојка има надчовечка моќ, а научниците останале збунети од она што до сега таа го постигнала. Таа сега е наречена глобален научен феномен.

Според зборовите на родителите, нивната 11 годишна ќерка може да запали предмет доколку му се приближи.

Младата виетнамка живее во градот Хо Ши Мин во округот Тан Бин каде го привлекла целото внимание на националните медиуми.

Нејзиниот татко вели дека се почнало пред еден месец кога електричната мрежа на семејната куќа предизвикала неколку кратки споеви. Биле повикани електричари за да го отстранат дефектот но не успеале да пронајдат каде настанал проблемот и да откријат од каде избила струја.

Родителите изјавиле дека девојчето било преместувано во различна куќа после секој ваков феномен но и таму се случувало истото. Хотелската соба, во која пред две недели семејството било сместено за време на годишниот одмор во Вунг Тау, целата била прекриена со штети од пожар.

Но повеќето научници од Центарот за истражување и пракса за радиоактивна геобиолошка енергија во Хонг Конг направил истражување над девојчето и потврдил дека навистина станува збор за необичен случај.

Професорот Нгујен Манх Хунг, директор на универзитетот изјавил дека девојчето може да запали предмети кои се наоѓаат во нејзина близина.

– Ова е навистина необичен случај не само во Виетнам туку и во светот, рекол Хунг.

Скенирањето на мозокот открило невообичаена линија на мозокот од девојчето од десната страна, изјавил лекарот.

– Таа запали предмети кои се наоѓаа во нејзина близина но и оддалечени од неа па затоа не може да се утврди дометот на нејзиното влијание, изјавил Хунг.

Примероците од нејзината крв, ткива од кожата и урината заедно со објектите од нејзиниот дом се земени за понатамошна анализа.

Нгујен Пуч Гиач Хаи, научник од Истражувачкиот центар за човечки потенцијали изјавил дека девојчето е глобален научен феномен.

– Овој случај е посебен бидејќи трае повеќе од еден месец, а пламенот се појавува без оглед каде таа се наоѓа, рекол Хаи.

Тој додал дека следната недела центарот ќе одржи конференција на која би ги откриле причините за нејзината состојба.

Тројца други истражувачи, Доан Виет Тиен, Нгујен Нгоч Хоаи и Пам Динх Три сметаат дека „биолошката енергија на девојчето не е стабилна со оглед на тоа што од време на време таа флуктуира“.

Научниците од виетнамскиот институт за физика, кои исто така го проучувале овој случај, наскоро ќе ги објават своите наоди.

Хунг изјавил дека девојчето на училиште и останатите места се вози со автомобил кој има посебен систем за следење и дека нејзиниот дом и училиште исто така се опремени со противпожарни апарати.

Феноменот е наречен пирокинеза. Терминот за овој феномен го одреди писателот на хорор филмови Стефен Кинг за можноста за создавање или контролирање на оган со помош на мозокот.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1