Малечко девојче од Киргистан имало голема желба, но немало пари да си ја дозволи, па одлучило да му напише писмона претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
Девојчето сакало да има куче од расата њуфаундленд, но немало пари да си го дозволи тоа, па одлучило да му пише на Путин.
„Добивме писмо од девојче адресирано до претседателот во кое пишува дека нејзиното семејство нема пари да и купи куче“, потврди портпаролот на Путин, Димитриј Песков.
Девојчето имало среќа. Кучето го добило лично од еден од најмоќните луѓе на светот.