Девојката на Мик Џегер пронајдена мртва – обесена во станот во Њујорк


Во стан на њујоршкиот Менхетен е пронајдено телото на  L’Wren Scott (47), дизајнерка и девојка на пејачот на Ролинг стоунс Мик Џегер.

L’Wren Scott devojka mik djegerСе уште нема потврда како починала, но медиумите објавуваат дека најверојатно станува збор за самоубиство. Се знае дека телото го открила нејзината куќна помошничка. Според изјавата таа била обесена во станот, а немало ниту проштално писмо, ниту знаци на борба или насилство.

L’Wren Scott беше во врска со Џегер од 2001 година. Само еден час пред веста за нејзината смрт, Скот била активна на службениот профил на Твитер.

Портаролот на Џегер изјавил дека пејачот е во шок и не може да поверува дека веста за нејзината смрт е вистина.

Mick-Jagger-and-Lwren-Scott-3253813

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1