Исповед на елитна проститутка: Јас сум престиж – кого го видат со мене значи има пари


Елитната проститутка од Белград, која е позната под името Дивна, во разговорот со Блиц откри како се одвива нејзиниот живот и како изгледа нејзината професија со која се бави од својата 23-та година. Таа почнала откако сопственик на една локална дискотека и понудил пари за да му прави друштво на деловно патување во Белград каде ги запознале неговите деловни партнери.

Со оглед на тоа дека е висока русокоса со убаво тело, веднаш им се допаднала. Тогаш сфатила дека главниот град на Србија нуди повеќе деловни можности и решила таму да се пресели.

prostitucija1„Мажите се ловци. Затоа многу вложувам во изгледот. Колку што изгледам понедостижна, толку повеќе ме посакуваат. За богатите мажи, девојките како мене се трофеј, престиж или статусен симбол. Кога некој ќе го видат со мене, знаат дека му тргнала работата“ – изјави за Блиц, 32 годишната Дивна

„Кога ќе излезете во некој од популарните клубови, во сепареата можете да видите бизнисмени опкружени со прекрасни девојки со перфектни тела и облини. Тие девојки често се претставуваат како манекенки или студентки. Но, вистината е дека поголемиот дел од нив работат како деловна придружба“ – објаснува таа и додава дека има многу девојки кои се бават со елитна проституција.

Таа објаснува дека причините поради кои почнала да се бави со оваа професија е болеста на нејзината самохрана мајка. Вели дека не сакала да заврши факултет и потоа да работи во некоја канцеларија за 300 евра.

„Многу велат дека сум го одбрала полесниот пат. Сепак ако пробаат еден ден да го живеат мојот ден ќе мораат да ги поднесат постојани осудувачки погледи и навредите од околината.

prostituke-5Таа се буди секој ден во 8 часот и заминува во теретана, бидејќи вели дека секогаш мора да изгледа одлично. Потоа следува козметичар, фризер, а понекогаш и професионален стилист. Се разбира, таквиот начин на живот чини многу пари, па нејзината цена за една ноќ е 1.000 евра.

„Луѓето мислат дека мене ме ангажираат само за секс, но тоа не е вистина. Моите обврски често опфаќаат и појавување на настани, одење на деловни вечери на кои се очекува да можам да се вклучам и во разговорите за економски и политички теми. Потоа треба да се појавам и во клуб, а ако клиентот го побара тоа, може да има и интимно дружење.

Таа објаснува дека меѓу клиентите најмногу има успешни мажи помлади од 50 години.

„Најчесто тоа се угледни бизнисмени, банкари и градежници кои воопшто не изгледаат лошо. Фудбалерите исто така сакаат девојки како мене, бидејќи знаат дека немаме намера да им ги загрозиме браковите. Се случувало и да ме ангажираат хомосексуалци за да им глумам девојка. Ако платат добро ќе им глумам се што ќе посакаат“ – објаснува Дивна.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1