Џабе прскаат, комарци врие – најавено ново прскање викендов


Вонредно 5 то по ред прскање против комарци најавено за викендов. Иако веќе 4 пати се прскаше, комарци се повеќе. Топлото време им се погоди на комарците, па ниту 4 прскања ништо не им можат.

Заштитната мерка против возрасните комарци ќе се врши од и воздух и од земја овој викенд. Аеросолната авионска дезинсекција ќе се одвива утре и задутре од 6,30 до 8 часот, додека терастичното прскање од понеделник до петок во период од 1 до 5 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се прска, авионската дезинсекција ќе се врши во првиот нареден викенд, а веднаш потоа и прскањето од земја. Властите апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1