Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа преку својот фејсбук профил објави дека го испратил во Службен весник Законот за употреба на јазиците.
Во кусата објава на фејсбук Џафери на македонски и на албански јазик пишува: „Законот за употреба на јазиците и во Службен весник“.
Со овој закон што два пати беше изгласан во Собранието, на 11 јануари и на 14 март минатата година, но претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише, со образложени дека е противуставен.