Дијаспората бара: Иванов да не го потпише указот за укинување на правото на глас


Опозициската СДСМ во текот на преговорите со своите позиции за изборниот законик за изборите во април 2016, одлучи да ги остави без свој претставник во Собранието македонците од дијаспората.

За таа цел македонските здруженија кои ги обединуваат нашинците надвор од границите, упатуваат барање до Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, да не ги остави без свој претставник во законодавниот дом.izbori livcinja

Следува интегрален текст од барањето Здружение на македонците од областа Јужна Германија, чиј претставник е Спасо Божинов од Штудгарт:

Имајќи го во предвид негативниот исход од преговорите во поглед на гласањето на македонската дијаспора, ние македонците од јужна Германија, сакаме да го изразиме своето огромно незадоволство од одлуката за укинување на нашето право на глас и учество во политичкиот живот на нашата татковина, со што сметаме дека ни е нанесена голема неправда.

Поради тоа, ние упатуваме апел до Претседателот на Р. Македонија, г-динот Ѓорѓе Иванов, да не го потпише указот за укинување на гласањето во дијаспората!

Ова наше барање се темели на искуството од изминатите четири години, кога многукратно бевме посетени од страна на нашите пратеници, како никогаш претходно, кои делуваа за решавање како на проблеми кои се однесуваат на нас сите, подобрување на услугите во ДКП-ата, признавање на македонските возачки дозволи во странство, така и на наши лични проблеми.

Воедно, не смее да се зборави нашиот огромен удел, преку личните трансфери од странство, во буџетот на Р. Македонија, со што аргументите за трошоците околу организирањето на изборите во странство се неосновани.

Затоа, уште еднаш го повикуваме Претседателот на Р. Македонија да одговори позитивно на ова наше барање и да не дозволи да немаме свој претставник во Собранието на Република Македонија.

Со почит,

Здружение на македонците од областа Јужна Германија.

Претставник: Спасо Божинов 10/10/20015 Штудгарт”

 

Македонците од Словенија до Иванов: Не не` оставајте без свој претставник во законодавниот дом

Во прилог, интегрален текст од барањето на македонското здружение Македонска Зора од Љубљана, Словенија, чиј претставник е Михаил Иванов:

Во името на најбројната македонска заедница во Словенија, а длабоко верувам дека и во името на македонската емиграција во прогресивна Европа, длабоко потресени од последните случувања кои имаат за цел да го забранат правото на глас на македонската дијаспора, упатуваме апел / барање, надевајќи се дека нашето видување и нашите факти, со кое го поткрепуваме, ќе придонесат за правилно, вистинско и пред се чесно решение за и околу правото на глас на македонската дијаспора.

Приливот на средства на месечно ниво од македонската дијаспора во Република Македонија високо ги надминува трошоците (еднаш во 4 години) на организација за нејзиното гласање.izbori-slovenija-500

Пратениците од дијаспората се исклучително важни за нас со оглед на фактот, а споредбено со периодот пред нивно избирање, дека огромен број од нашите барања, токму благодарение на нив, беа реализирани или се во фаза на реализација. Во конкретниот случај, во Словенија нивна и само нивна е заслугата за признавање на македонските возачки дозволи како и исклучително важното законско решение за социјално осигурување, кое во Словенија е привилегија само на македонската дијаспора. Не помалку важно е организацијата за полесно издавање на македонски документи, со што огромен дел од нашите иселеници, посебно тука во Словенија (преселени во времето на социјализмот како и втората генерација Македоници) на многу лесен начин, со мобилните станици, конечно се здобија со македонските документи.

Од македонската дијаспора може да се очекува и многу повеќе, сериозни инвестиции во Македонија, креирање на финансиски фондови од Македонците во дијаспората, а за помош на инвестициите во Македонија, секаков тип на лобирање за родната грутка, но исклучително е важно колку државата Македонија има политички капацитет да го препознае сето ова и последично да изгради соодветен однос спроведувајќи ги и поддржувајќи ги ваквите и слични иницијативи / процеси. Изборот на пратеници од дијаспората е само еден од чекорите во таа смисла.

Поради сето горе наведено бараме од вас максимално да се заложите и непоколебливо да настојувате македонската дијаспора да го задржи своето право на глас, убедени, дека го браните не само нашиот национален идентитет, туку како и заштитник на основно демократско право, постулат на кој почива слободна и демократска Европа.

Убедени сме дека нема да дозволите рецидивите на едноумието, а прикриени под маската на “демократската” партија да ја остават без претставник македонската дијаспора, да дозволите мрачните сили на минатото (поради кои и во најголем дел и постои македонската дијаспора како таква) да го завртат историскиот часовник што би значело регрес наместо прогрес, цензура наместо слобода, и тоталитаризам наместо демократија.

За вас ова претставува и огромна одговорност / обврска, која што очекуваме да ја исполните на начин на кој што тоа и досега сте го правеле.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!

Михаил Иванов Македонска Зора, Љубљана, Словенија”

 

Иселениците од Италија: Ние не сме предмет на политичка калкулација, туку мост кој ја поврзува Македонија со другите држави

Во прилог, интегрален текст од барањето на Здружение „Балкан“, со седиште во Местре, Република Италија кое го упатија до претседателот Ѓорге Иванов.

“Почитувани,

Во име на нашето здружение „Балкан“, сакаме да се обратиме со следнава реакција:Oblast-na-jugu-Italije-u-kojoj-operiše-Ndrangeta

-Нема да дозволиме нашето фундаментално демократско право на глас да ни биде одземено!

Иселениците во Р. Италија, од Местре, Венеција, изразуваме голема разочараност поради начинот на делување на СДСМ и албанските политички партии во насока на одземање на правото на глас на дијаспората.

Истакнуваме дека ние не сме предмет на политичка калкулација, туку сме мост кој ја поврзува Македонија со другите држави, ние вложуваме и инвестираме во нашата татковина, а голем показател за нашата поврзаност со татковината се дознаките од странство во Р. Македонија.

Одземањето на нашето право на глас е неправедно за сите нас Македонците во дијаспората. Ние имаме право и сакаме да имаме претставници кои ќе не застапуваат во Собранието на Р. Македонија и да ни помагаат при решавањето на нашите барања.

Затоа го замолуваме претседателот на Р. Македонија, г-динот Ѓорѓе Иванов да не го потпишува указот за прогласување на измените и дополнувањата на Изборниот законник, со кој се дерогира веќе стекнатото право на македонците во дијаспората.

Притоа истакнуваме дека ние не делуваме како поддржувачи ниту членови на политички партии, туку како македонски иселеници кои бараат нивното право да не биде укинато.”

 

Македонците од Швајцарија: Иванов да го искористи авторитетот и да ни изрази недвосмислена поддршка на правото на глас

Во прилог, интегрален текст од македонската заедница од Швајцарија:

“Почитувани граѓани на Република Македонија, политички партии, средства за јавно информирање и посебно Претседател на Република Македонија, ние Македонците кои работиме и живееме во Швајцарија,  реагираме  по однос на актуелните случувања во  Македонија а директно се однесуваат на нашето право да гласаме и учествуваме во политичкот процес   во земјата од каде  доаѓаме од Република Македонија.svajcarija

Ние јасно и недвосмислено укажуваме дека наш интерес и интерес на Македонија е  правото на гласање.

Македонска заедница во Швајцарија ги нагласува  бројните придобивки за  сите иселеници без оглед на етничка и политичка припадност од досегашното делување на пратеникот од Европа во Македонското собрание. Инструментот пратеник кој ја претставува македонската дијаспора од Европа  се покажа како иклучително корисен и ефикасен во непосредното  поврзување  и засилување  на економските, политичките, кутурните и спортските врски помеѓу македонската заедница овде во Швајцарија со нашата Македонија.

– Бараме од сите учесници во преговорите за начинот на гласање во дијаспората да ги земат во предвид тешкотиите на кои наидуваме при досегашното гласање и потреба од нивно надминување  со цел  и да се најде најлесниот и најправичниото  начин за користење на правото на глас.

Бараме Претседателот на Република Македонија да го искористи авторитетот  и да ни изрази недвосмислена поддршка на нашето право на глас.

Бараме од Власта и Опозицијата да се договорат кој е најдобриот модалитет на гласање за дијаспората, да се отфрлат интересите  на една и ли на друга партија за сметка на заедничкиот наш интерес. Наше барање и сугестија за двете  страни е да ги прифатат  електронското  гласање или  гласање  на повеке гласачки места, при што најобјективно ќе се  прикаже  војлата на глсачите.

Со почит,

Македонска заедница – Швајцарија”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1