Американската серија „Династија“ се смета за една од најгледаните серии во светот, а во 80-те години на минатиот век ја залуди целата планета, но и граѓаните на поранешна Југославија.
Богатите семејства Карингрон и Колби најверојатно ќе се вратат на малите екрани. Американските медиуми пренесуваат дека се планира нова верзија на „Династија“, една од најгледаните серии во светот.
Оригиналната верзија ја работеше филмскиот и ТВ продуцент Арон Спелинг, а за новата серија се задолжени Џос Шварц и Стефан Севиџ, кои стојат потпишани зад популарните тинејџерски серии „Округот Оринџ“ и „Озборувачка“.
Серијата што ги обележа осумдесеттите години во целиот свет, ама и во Македонија, во центарот на приказната ги става богатите семејства Карингтон и Колби, интригите, сплетките и љубовните манипулации што ги окружуваат нивните членови.
Младата секретарка Кристл (Линда Еванс) која станува член на семејството Карингтон, во новата верзија ќе се вика Кристал и ќе потекнува од Јужна Америка, што е разлика во однос на оригиналната верзија. Со овој потег, телевизиската мрежа CW планира да привлече голема публика од хиспанско потекло, како што тоа го направи со серијата „Девицата Џејн“.
Сценариото за пилот епизодата го пишува Сели Патрик („Одмазда“), но голема поддршка има и од соработниците на оригиналното сценарио, Естер и Ричард Шапиро.
„Династија“ се емитуваше од 1981 до 1989 година на телевизијата ABC и се смета за една од најуспешните сапуници на сите времиња.
Покрај Линда Еванс, за популарност на серијата придонесоа и Џон Форсајт (Блејк Карингтон), Џоан Колинс (Алексис Колби), Памела Белвуд (Памела Карингтон), Џон Џејмс (Џеф Колби), Хедер Локлис (Семи Џо Карингтон)…
Како денес изгледаат актерите на оваа легендарна серија?
Линда Еванс – Кристл Карингтон
Денес Линда има 73 години и по „Династија“ ја продолжи својата актерска кариера на телевизија. Но во 1987 година замина во пензија и се пресели на село.
Хедер Локлир – Семи Џо Карингтон
Хедер има 55 години и по оваа серија таа постигна слава во сериите „Мелроуз плејс“ и „Спин сити“.
Ал Корли – Стивен Карингтон
Ал (60) ја напушти „Династија“ бидејќи му пречеше сексуалниот живот на неговиот лик. Беше и геј и стрејт во исто време. Подоцна стана голема поп-ѕвезда во Франција и во Швајцарија.
Ема Самс – Фелон Карингтон Колби
Англиската актерка има 56 година а во екот на популарноста двапати одби да се појави на насловната страница на „Плејбој“. Се занимава со хуманитарна работа и им помага на болните деца.
Џоан Колинс – Алексис Каринготн Колби Дестер Роуан
Џоан (83) уште додека траело снимањето почнала да се занимава со пишување, а до денес напишала дури 18 книги.
Џон Форсајт – Блејк Карингтон
Почина пред шест години во 92. година од животот. По „Династија“ тој го позајми гласот на Чарли во „Чарлиевите ангели“.
Гордон Томсон – Адам Карингтон
По „Династија“ имаше помали улоги во неколку филмови и сега во 71. година од животот живее повлечено.
Кетрин Оксемберг – Аманда Карингтон
Таа денес има 55 години и глумеше во многу филмови од Б продукција со сега веќе поранешниот сопруг Каспер Ван Диен.