Династија се враќа: Како денес изгледаат актерите на „Династија“ (Фото)


Американската серија „Династија“ се смета за една од најгледаните серии во светот, а во 80-те години на минатиот век ја залуди целата планета, но и граѓаните на поранешна Југославија.122990_dinastija-profimedia0043076068_630x0

Богатите семејства Карингрон и Колби најверојатно ќе се вратат на малите екрани. Американските медиуми пренесуваат дека се планира нова верзија на „Династија“, една од најгледаните серии во светот.

Оригиналната верзија ја работеше филмскиот и ТВ продуцент Арон Спелинг, а за новата серија се задолжени Џос Шварц и Стефан Севиџ, кои стојат потпишани зад популарните тинејџерски серии „Округот Оринџ“ и „Озборувачка“.

Серијата што ги обележа осумдесеттите години во целиот свет, ама и во Македонија, во центарот на приказната ги става богатите семејства Карингтон и Колби, интригите, сплетките и љубовните манипулации што ги окружуваат нивните членови.dinastija

Младата секретарка Кристл (Линда Еванс) која станува член на семејството Карингтон, во новата верзија ќе се вика Кристал и ќе потекнува од Јужна Америка, што е разлика во однос на оригиналната верзија. Со овој потег, телевизиската мрежа CW планира да привлече голема публика од хиспанско потекло, како што тоа го направи со серијата „Девицата Џејн“.

Сценариото за пилот епизодата го пишува Сели Патрик („Одмазда“), но голема поддршка има и од соработниците на оригиналното сценарио, Естер и Ричард Шапиро.

„Династија“ се емитуваше од 1981 до 1989 година на телевизијата ABC и се смета за една од најуспешните сапуници на сите времиња.

Покрај Линда Еванс, за популарност на серијата придонесоа и Џон Форсајт (Блејк Карингтон), Џоан Колинс (Алексис Колби), Памела Белвуд (Памела Карингтон), Џон Џејмс (Џеф Колби), Хедер Локлис (Семи Џо Карингтон)…

Како денес изгледаат актерите на оваа легендарна серија?

Линда Еванс – Кристл Карингтон122997_linda_630x0-520x297

Денес Линда има 73 години и по „Династија“ ја продолжи својата актерска кариера на телевизија. Но во 1987 година замина во пензија и се пресели на село.

Хедер Локлир – Семи Џо Карингтон122996_heder_630x0-520x302

Хедер има 55 години и по оваа серија таа постигна слава во сериите „Мелроуз плејс“ и „Спин сити“.

Ал Корли – Стивен Карингтон

Ал (60) ја напушти „Династија“ бидејќи му пречеше сексуалниот живот на неговиот лик. Беше и геј и стрејт во исто време. Подоцна стана голема поп-ѕвезда во Франција и во Швајцарија.

Ема Самс – Фелон Карингтон Колби122998_ema-sams_630x0-520x308

Англиската актерка има 56 година а во екот на популарноста двапати одби да се појави на насловната страница на „Плејбој“. Се занимава со хуманитарна работа и им помага на болните деца.

Џоан Колинс – Алексис Каринготн Колби Дестер Роуан122991_dzoan-kolins_630x0-520x308

Џоан (83) уште додека траело снимањето почнала да се занимава со пишување, а до денес напишала дури 18 книги.

Џон Форсајт – Блејк Карингтон

Почина пред шест години во 92. година од животот. По „Династија“ тој го позајми гласот на Чарли во „Чарлиевите ангели“.

Гордон Томсон – Адам Карингтон122999_gordon_630x0-520x352

По „Династија“ имаше помали улоги во неколку филмови и сега во 71. година од животот живее повлечено.

Кетрин Оксемберг – Аманда Карингтон122995_ketrin_630x0-520x314

Таа денес има 55 години и глумеше во многу филмови од Б продукција со сега веќе поранешниот сопруг Каспер Ван Диен.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1