Директен судар на Мерцедес и Поло на Партизанска – 2 повредени (Фото)


Мерцедес и Поло со скопски регистарски таблички се возилата кои денес се судриле на раскрсницата помеѓу „Партизански одреди“ и „Октомвриска револуција“ во Скопје, јавува порталот Република.

partizanska 11Според информациите кои „Република“ ги доби од МВР, во 18 часот и 15 минути дошло до директен судир на двете возила. Со мерцедесот управувала М.Р. (50), а со Полото управувал Д.Л. (37).  При судирот е соборен еден семафор. Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и се однесени во Ургентен центар. Увидот се уште трае.

Денеска на Ургентен биле однесени осум пациенти, повредени во сообраќајна незгода. Очекуваме информација за состојбата на двајцата повредени во несреќата на „Партизански одреди“.

Извор – Република

partizanska 11

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1