Директорката на берзата за виртуелната валута биткоин Отум Ратке е пронајдена мртва во својот дом во Сингапур.
Полицијата соопштила дека почетната истрага покажала дека не станувало збор за убиство, но и смртта сепак била оквалификувана како „неприродна“ што укажува на несреќа или самоубиство.
28-годишната Отум Ратке e американска државјанка и во Сингапур престојувала како директор на “First meta” – компанија преку која корисниците на виртуелните валути, како биткоините, тргуваат и ги претвораат во вистински пари.