„Путин си го губи времето во Русија. Тој мора да управува со Европа, во целост. Затоа што нема кој друг“, изјави Еклстоун во интервју за сајтот на „Формула 1“.
Во 2014 година во Сочи првпат беше одржана трка во „Формула 1“ за Големата награда на Русија. Трката беше посетена од 65 илјади луѓе. Еклстоун тогаш изјави дека руската етапа е една од најдобрите во новите земји во историјата на натпреварувањето.