Директорска чистка во ЕЛЕМ!


ЕЛЕМ го тресе директорска чистка, пишува Фактор, повикувајќи се на извори од енергетските компании.

Од директорските фотелји во ЕЛЕМ си заминуваат Димитар Танурков, Јасна Иванова Давидовиќ, Коста Папастеревски и Славица Бесова, сите секторски директори, луѓе кои важеа за блиски на поранешниот генерален директор Влатко Чингоски.

direktor cistka-Од директоските фотелји во ЕЛЕМ си заминуваат Димитар Танурков, директор за производство, Јасна Иванова Давидовиќ, директор за развој и инвестиции, Коста Папастеревски, комерцијален директор и Славица Бесова, финанскиски директор во ЕЛЕМ, луѓе кои важеа за блиски на поранешниот генерален директор Влатко Чингоски, објави Фактор. На разрешените им било понудено да останат во ЕЛЕМ, но на други позиции.

Според владини извори, смената била очекувана.
-Именувањето на нови членови на УО на ЕЛЕМ беше прашање на време, беше очекувано, бидејќи Владата уште минатата година објави оглас за ангажирање на високи државни раководни функции, објасниле владини извори.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1