Дива свиња влегла во филијала на една австриска банка во местото Хајнбург-ан-дер, јави австриската новинска агенција АПА.
Според информациите , свињата за време на ноќта успеала да се протне низ заклучената стаклена врата на банката и си го отворила патот. Откако влегла и разгледала, излегла како што и влегла без да направи некоја позначителна штета, а вратата се заклучила веднаш зад неа.
Официјални претставници од банката се посомневале минатиот месец, кога еден од чистачите забележал големи валкани траги на вратата.
Посетителот е идентификуван на безбедносните камери на банката.