Како изгледате, што сакате, циции или платиши– фирмите ќе знаат со еден клик – нова апликација/ Видео


Фирмите со еден клик ќе знаат кој сте, колку сте платиши или циции и ќе знаат како изгледате и дали сте проблематичен клиент. Сето тоа со новата апликација која е преставена како иднината во бизнисот.

Според апликацијата која веќе ја користат некои големи компании вработените ќе можат во секое време да ве изгуглаат и да добијат податоци за вас – каков клиент сте, редовен, нередовен, дали сте имале проблеми со компанијата, колку сте платиши или циции и секао ќе видат ваша фотографија за да ве препознаат уште невлезени на врата.

Тоа според бизнисмените ќе го подобри бизнисот бидејќи клиентите ќе се чуствуваат важно што вработениот го знае нивното име и веднаш им приоѓа ословувајќи ги. А секако ќе помогне на компанијата да знае на кого каква услуга да му пружи.

Слична на оваа апликација веќе користи големата компанија КЛМ – францускиот авио превозник. Идејата е уште при чекирање, стујардесите и останатите вработени веднаш да добијат податоци за вас и така ќе ве пречекаат насмеани или намрштени зависно каков патник ст

Сепак патниците не ја одобруваат идејата некој да им чепка по приватноста и да собира информации за нив на гугл или друго место на интернет. А велат и дека ќе го извештачи односот – никогаш нема да знаете дали се фини со вас бидејќи добро си ја вршат работата или пак некоја апликација им кажала дека ќе им оставите куп пари ако се услужливи.

Оние кои се ,,за,, пак велат ова многу ќе им го олесни животот на оние кои се постојано во движење. Ќе ги знаат во хотелот, ќе знаат што сакаат, нема да мора секој пат да повторуваат дека сакаат соба на понизок кат, или дека се алергични на шампони од ванила и слично – со оваа апликација само ќе се пријавите дека доаѓате и персоналот веќе ќе ги има сите информации за вас – а и ќе ве пречекаат срдечно и ќе ве препознаат уште на влезот, па нема да се губи време на рецепцијата туку дирекно ќе си заминете во соба.

Погледнете го видеото за оваа апликација – сакате да сте му некому на тацна или не? Дали е ова уште едно рушење на приватноста или пак е алатка која навистина ќе го олесни животот?

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1