Непроценливо богатство крие дното на Јонското Море, пишува грчкиот весник „Етнос“.
Весникот објавува дека такви оценки пристигнале до грчкото Министерство за енергетика и животна средина, откако норвешката компанија ПГС, направи истражувања во Јонското Море и јужно од островот Крит.
Сеизмичките истражувања покажале присуство на нафтени структури на површина од 30 илјади километри по дното на Јонското Море, кои би требало да изнесуваат најмалку 600-800 барели нафта.
Ако тие првични проценки од 800 милиони барели се потврдат, тогаш станува збор за богатство од 80 милијарди долари.
Грчкиот печат објавува и дека грчката Влада почнува кампања за привлекување енергетски гиганти за нафтени истражувања и планира да објави тендери за давање на концесија на 10-15 блока во границите на тие наоѓалишта.
Се очекува нафтени конзорциуми да ги почнат тие истражувања во почетокот на 2015 година.
Kurir