До смрт избодена внуката на Морган Фримен


Внуката на холивудскиот актер Морган Фримен е пронајдена избодена на плочник среде Менхетен. Полицијата ја пронашла триесет и тригодишната Идина Хајнс без свест и со убодни рани на телото. Над неа стоело нејзиното поранешно момче, кој неконтролирано викал „Излегувајте демони. Ве протерувам во име на Исус“.1mor.jpg500

Набрзо потоа Хајнс е прогласена за мртва во болницата во Харлем, а 30-годишниот Ламар Давенпорт уапсен како главен осомничен и даден на психијатриско испитување.

Сведоците изјавиле дека тој бил како полуден, веројатно под силно дејство на наркотици, а според американските таблоиди, тој бил убеден дека извршува егзорцизам.

Хајнс е внука на првата жена на Фриман, но актерот секогаш ја претставувал како своја внука.

Тој во изјава за медиумите рекол дека навистина му е жал што светот никогаш нема да ја види нејзината уметност и талент и колку таа имаше да понуди.

Хајнс студирала глума.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1