Доаѓа невреме- УХМР објави вонредна прогноза


Денес попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град, информираат од УХМР.

И во делови од скопската котлина попладне и во вечерните часови ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

Утре услови за нестабилност со локален пороен дожд и грмежи ќе има во јужните делови од земјата, особено во првата половина од денот. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1