Британецот Адријан Бајфорд во 2012 добил 148 милиони фунти на лотарија – најголемата добивка во историјата на британската лотарија. Поранешниот поштар по 15 месеци ја напуштил сопругата, и се верил со 28 годишната Саманта Барбиџ која посакала да и купи коњи. И купил најмалку 10, за што потрошил 2 милиони фунти – пишуваат британските таблоиди.
Пред да ја запознае Саманта Адријан немал никаков инетрес за коњите.
– Слушнав дека и купил 20 коњи – вели пријател на Адријан за Сан.
Бајфорд се развел од сопругата со која има 2 деца само 15 месеци по добивањето на вртоглавата сума на пари.
Разводот го објаснувал со стресот кој парите го создале во нивниот живот, а само три месеци подоцна на Малдивите ја запросил 16 години помладата Саманта.
– Не клекнав на колена, ја запросив на плажа, пресреќен сум што рече ДА – изјавил тогаш Адријан.
Се подготвува луксузна венчавка во стилот на Џемс Бонд, со музика од серијалот за британскиот агент, а зетот и невестата ќе бидат Бонд и една од неговите убавици.
Милионите малку се намалиле, но има уште….