Додека работеле како чувари си украле 522 апарати од магацинот


Двајца 27 годишни и еден 28 годишен – сите скопјани добија кривична пријава, работеле како чувари на магацин и додека чувале и си краделе од него. Фатени се и во притвор во траење од 30 дена.

Имено, во периодот од 01.06. минатата година до 01.06. оваа година, во повеќе наврати, тројцата од магацин на фирмата АД “Пелистерка“ лоциран на бул.„Босна и Херцеговина“ бб во Скопје, украле вкупно 522 апарати-диспанзери за вода марка “ЛАМО“ различни модели, при што се стекнале со противправна имотна корист од 2.000.000 денари.

Кражбата ја извршиле на тој начин што користејќи ја околноста дека прво и второ пријавенио П.Т. и Д.Д. работеле како обезбедување на магацинот преку агецијата  за обезбедување на имот и лица Перпетуум Мобиле, во периодот кога двајцата работеле во ноќните смени од магацинот во повеќе наврати краделе апарати-диспанзери за вода кои ги изнесувале од магацинот и ги оставале во близина на капијата. Потоа тројцата со помош на возила ги товарале и ги носеле надвор од кругот на магацинот по што ги делеле меѓу себе, а потоа ги давале или ги продавале на други лица.

На 11.07.2012 од страна на одговорно лице во АД„Пелистерка“ поднесена е пријава за извршено кривично дело „кражба„ при што се преземени мерки и пронајдени се и одземени 10 од украдените апарати-диспанзери за вода марка ЛАМО и тоа: еден е пронајден кај П.Т., два кај Д.Д., три кај П.Р., еден кај лицето Б.И. од Скопје, со кого е извршен разговор и истиот изјавил дека наведениот апарат за вода го добил од П.Р., еден апарат е пронајден кај лицето Д.Ѓ. на кој исто така апаратот за вода му го донел неговиот познаник П.Р., еден кај В.С., кој апаратот за вода го земал преку М.П. татко на пријавениот Р.П. и еден апарат е пронајден кај лицето Л.П., кој изјавил дека апаратот го земал од неговиот братучед П.Р.

Со Потврда за вратени предмети наведените 10 апарати за вода се вратени на одговорното лице од АД„Пелистерка“. Во ПС од ОН Кисела Вода извршен е разговор со тројцата осомничени при што тие го признаа извршувањето на кривичните дела.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1