Синоќа околу 22,30 часот. во Гостивар. на ул.„Панче Попоски“ во стан сопственост на А.Х., додека седел дома со семејството, дошле А.Х., Р.Х., Е.А., М.А., Џ.Х., Џ.Х., Р.Х., Н.А и други лица и почнале со стапови да удираат по прозорите, а потоа ја отвориле влезната врата од станот и влегле внатре и физички ги нападнале внатре присутните, нанесувајќи им телесни повреди.
Причина за наведеното е претходна расправија помеѓу А.Х. и Е.А.. Полициска станица Гостивар презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.