Во човечкиот организам постојат протеини познати како канабиноидни рецептори кои се посебно дозајнирани за обработка на канабиноидите како што е тетрахидроканабинол (THC), еден од главните активни состојки на марихуаната.
Мембраните на ткивата во нашиот организам природно во својот состав ги содржат тие канабиноидни рецептори кои го штитат ткивото од вируси, штетни бактерии, рак и други малигни болести, а се активираат со канабиноидите и разни видови храна.
Човечкото млеко е богат извор на ендоканабиноиди, специфичен вид на неуромодулаторни липиди кои всушност го стимулираат рефлексот за цицање кај бебето.
Новороденото бебе кое се дои добива одредена доза која го активира центарот за глад и го поттикнува растот и развојот.
Дел од истражувањата кои се направени за составот на едноканабиноидните рецептори, а кои се објавени во европските списанија за фармакологија го посочуваат следново:
„Ендоканабиноидите кои се откриени во млекото на мајката и активацијата на СВ1 (канабиноиден рецептор тип 1) се пресудни за процесот на цицање млеко, активирајќи ја орално-моторната мускулатура. Здравствените последици од сето ова се далекусежни и ветуваат употреба на канабиноидите во иднина во педијатриската медицина кај одредени состојби како што е цистична фиброза“.
Д-р Пракаш Нагаркати правел предклинички студии врз глувци со кои ја докажал својата теорија дека канабиноидите од лековите имаат способност да делуваат на рецепторите во мозокот кои испраќаат сигнали на канцерогените клетки да извршат „самоубиство“.
Истражувачите сугерираат дека THC од канабисот би можел да се употребува за лечење на карцином на белите дробови.
Канабиноидите од мајчиното млеко има исто својство со канабиноидите кои се добиваат со свежо цеден сок од марихуана.
Сето ова укажува на фактот дека на човечкиот организам неопходни му се канабиноиди. Истите имаат клучна улога во заштитата од болести, зајакнување на имунитетот, го штитат мозокот и нервниот систем, ги намалуваат болките и воспалителните реакции, и уште многу што.