Дома имаат 169 новогодишни елки (Видео)


Шеј Гибонс педесет и седум годишна жителка на Оклахома има навистина несекојдневна, а до некаде и позитивна опсесија.

Штом се ближи Божиќ, почнувааат да се јавуваат нејзините симптоми. Се започнало во 1984тата со едноставна и скромна забава за Божиќ.

„Украсував повеќе поради забавата, секоја година бројот на украсите стануваше се поголем и сега е навистина голем“-изјави Шеј.

Со своите 169 новогодишни елки, околу 100 украси со божиќни сцени, десетици светлечки украси во дворот, 50 илјади орнаменти и 100те илјади светилки, нејзиниот посед ако се опише со голем број на украси е дури и потценувачко – смета нејзиниот сопруг Том.

Нејзината ќерка, пак, смета дека оваа опсесија на нејзината мајка преминува во болест. Таа пораснала со традицијата и обврската да и помага на својата мајка при декорирањето.

Иако мисли дека можеби малку претерува,сепак е среќна што хобито на нејзината мајка носи радост и среќа за сите, позитивно е и не ја внесува во невољи.

„Забавно е, ако не се занимаваше со ова ќе си најдеше нешто друго“ – изјави таа.

Новогодишниот дух во ова семејство започнува уште на 1ви октомври, кога Шеј ги извлекува своите новогодишни декорации од гаражата и плакарите и ги распослува во домот.

Им останува околу една четвртина од домот за живеење и движење,останатото е покриено со новогодишни декорации.

Соседите и случајните минувачи постојано се загледуваат во нејзиниот двор. Немаат струја, јас им ја земав целата! –низ смеа додава Шеј.

Сметката за струја им се дуплира за време на празниците. Том се обидел да ја натера да украсува на големо секоја втора година, но таа одбила.

Бидејќи таа го поддржува за она што тој сака да го прави,и тој решил да биде сопруг сопруг за пример, па и тој да ја поддржи.

Има уште една придобивка од оваа божиќна осесија. Поради многуте светилки во домот, тие не треба да го вклучуваат греењето. Ги има и повеќе од доволно, зрачат топлина и на тој начин ја затоплуваат куќата.

Топло и магично, па што повеќе им треба во домот за се чувствуваат среќни за Нова Година и Божиќ?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1